Задачата
Хедера Фарм+ сакаше да ја однесе својата аптека од Струмица онлајн — вистинска продавница, не брошура: производи за прелистување, нарачки, достава и содржина што ги враќа купувачите.
Што изградивме
Комплетна Laravel + Vue е-commerce платформа за аптекарска продажба:
- Продавница — херо кампањи, популарни и барани производи и каталог по категорија, подкатегорија и тип на производ
- Купување — жив преглед на кошничката, едноставна наплата и кориснички профили
- Операции со нарачки — админ процес каде секоја нарачка се прегледува, одобрува или откажува и се фактурира — изграден според тоа како навистина работи една аптека
- Содржина — интегриран здравствен блог и newsletter кампањи со отпишување
- Админ — производи, категории, нарачки, корисници, слајдер на почетната, блог и податоци за компанијата, сè самоуправувано
- SEO — sitemap и чисти URL-адреси за секој производ и статија
Резултатот
Аптека отворена 24/7 — купувачите нарачуваат онлајн со брза локална достава, а тимот ја води целата работа од еден панел.